
Во средата во Скопје се одржа стручна јавна дебата, со што се означи почетокот на циклусот консултации на Министерството за правда за Нацрт-кривичниот законик. Во своето обраќање, министерот Шасивари истакна дека општествените, економските и технолошките промени, како и појавата на нови форми на криминал, наметнуваат потреба од сеопфатна реформа на кривичното законодавство, наместо досегашните парцијални измени.
Академик Владо Камбовски, осврнувајќи се на прашањето за застарувањето, наведе дека тоа ќе треба дополнително да се разгледа за одредени категории кривични дела.
Извршниот директор на Коалицијата „Сите за правично судење“, Дарко Аврамовски, изјави дека на граѓанскиот сектор му бил оставен премногу краток рок за анализа на обемен и целосно нов законик.