
Лидерката на ЛДП и пратеничка, Зајкова, изјави дека 19.000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за воведување електронски алки за следење на сторителите на семејно насилство.
Според неа, образложението на Владата е дека нема доволно финансиски средства за таков метод на следење. Сепак, како што изјави таа за „Канал 5“ во средата, несфатливо е тоа што има средства за, на пример, „измислени работни места“, а нема средства за заштита на човечки животи.
Исто така, во средата, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство порача дека пратениците треба да ги усвојат предлог-измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, кои беа поднесени уште во август.