Платформата го повикува Собранието да ја усвои Антикорупциската стратегија за периодот 2026–2030 година

Речиси една година по истекот на претходната Национална стратегија за спречување на корупцијата, Собранието сè уште нема усвоено нов документ за периодот 2026–2030 година. Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата предупредува дека ова доцнење ја загрозува имплементацијата на антикорупциските мерки и го нарушува континуитетот на државните политики во таа област.

Од Собранието наведуваат дека Предлог-стратегијата била ставена на дневен ред на 111-тата седница по редовна постапка, додавајќи дека таа седница е блокирана.

„Разгледувањето досега не беше возможно поради блокадата на работата на таа седница, од причини кои се веќе познати на јавноста. На претстојните координативни состаноци ќе се разговара за изнаоѓање решение со цел да се овозможи продолжување на работата и разгледување на оваа точка“, соопштија од Собранието.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *