
Во врска со закажувањето на продолжението на надзорната расправа за случајот „Алта банка“ за среда, како одговор на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ изјавија дека не бегаат од дебата.
„Дебатата за Буџетот е во тек, а мнозинството треба да одлучи кој е приоритетот“, посочија.
Левица нема големи очекувања во врска со исходот од надзорната расправа. Партијата на Апасиев побара целосно објавување на надзорната документација, проверка на финансиските текови и утврдување на индивидуалната одговорност.
ВМРО-ДПМНЕ, од своја страна, е категорична дека СДСМ, со „нови лаги“ за „Алта банка“, се обидува да манипулира и да ја прикаже јавната аукција како таен договор. Се очекува на надзорната расправа да зборуваат 15 сведоци.