
Во интервју за бугарскиот јавен сервис БНТ, албанскиот премиер Рама изјави дека Бугарите треба да бидат вклучени во Уставот на Северна Македонија. Тој оцени дека веќе нема простор за несогласувања меѓу Скопје и Софија по ова прашање, повикувајќи се на договорот постигнат со француско посредување.
Одговарајќи на прашањето дали сè уште има забелешки кон бугарското раководство, со оглед на изјавите што ги даде пред три години, Рама рече дека тогаш околностите биле поинакви.