Шефот на Агенцијата за национална безбедност вели дека ризикот од домашен тероризам останува низок

По безбедносното предупредување издадено во понеделникот и вторникот од страна на амбасадите на САД во Бугарија и во Косово, наменето за американските државјани и туристи – кое важи за цела Европа и ги повикува на зголемена внимателност за време на претстојните божиќни и новогодишни празници, особено на места со поголеми собири, празнични фестивали и јавни настани што би можеле да бидат цел на терористички групи или поединци без претходна најава – директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, изјави дека во земјата ризикот од терористички акти останува низок.

Сепак, како што додаде тој одговарајќи на новинарски прашања во вторникот, секогаш постои ризик од таканаречени „осамени волци“, кои Службата ги следи.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *