
Судењето на 31-годишниот Кристијан Корабоски, осомничен за насилство врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид, ќе започне на 27 ноември. Основниот суд во Охрид за „Канал 5“ потврди дека рочиштето е веќе закажано, а предметот е доделен на судијката Александра Поп Стефанија.
Неколку часа пред протестот во вторник, семејството на Ѓорѓиеска изјави за „Канал 5“ дека се надеваат оти тој нема да биде политички обоен или искористен за партиски цели, туку дека ќе претставува граѓански протест насочен кон подигнување на свеста за насилството.