
Протестот поради претепувањето на Сара Ѓорѓиеска во Охрид ќе се одржи, изјави лидерот на СДСМ, Филипче, во интервју за „Телма“, и покрај апелот на семејството на девојката случајот да не се политизира. Како што појасни тој, не станува збор само за девојката од Охрид, туку и за спречување на други слични ситуации во иднина.
„Тоа е целта на нашиот протест – да се подигне свеста и, конечно, институциите да направат сè што е потребно за да си ја завршат работата. Бидејќи, без ваков притисок од наша страна, како и од јавноста, граѓанските организации и слично, очигледно е дека ништо нема да се случи“, нагласи Филипче.
Лидерот на СДСМ истакна дека нема прашање на кое неговата партија не реагирала.