Савески коментира за случајот во Охрид и други теми

Во понеделникот, Јавното обвинителство не ја исклучи можноста нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид да биде квалификуван како обид за убиство.

Јавниот обвинител Савески изјави дека се преземаат сите неопходни истражни дејствија, а за постапката особено значаен ќе биде исказот на претепаната девојка, со која надлежниот обвинител веќе стапил во контакт. Според Савески, доказите ќе бидат разгледани поединечно и во нивната севкупност, по што ќе се донесе одлука за конечната правна квалификација на кривичното дело.

Прашан за случајот со пожарот во Кочани, со оглед на тоа што измина една година, а од Обвинителството немаше никакво соопштение, јавниот обвинител рече дека тоа се должи на чувствителноста на предметот.

Во однос на нацрт-верзиите на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка, тој наведе дека истите се доставени на разгледување до Венецијанската комисија и до Европската комисија, при што се очекува конечниот текст.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *