Владејачкото мнозинство и „Левица“ со спротивставени ставови за прашањето околу новиот Кривичен законик

Кривичниот законик повторно влезе во собраниска процедура. Овој пат, според владејачкото мнозинство, станува збор за усогласување со европските финансиски стандарди.

Во вторникот, Собранието ја изгласа потребата од донесување измени на Законикот, што владејачкото мнозинство ги претстави како кратка и целна интервенција поврзана со ризиците околу пристапувањето на Северна Македонија кон SEPA.

Сепак, од партијата „Левица“ велат дека измените оставаат простор за неказнивост. Според нив, наместо сеопфатен нов Кривичен законик, Владата прибегнува кон законодавни „крпеници“. Критиката се однесува на бришењето на одредбата со која се пропишува казна затвор од една до 10 години за службени и одговорни лица кои, поради невнимание, ќе пропуштат да го спречат финансирањето на тероризмот.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *