Вонреден инспекциски надзор не констатира пропусти во случајот Кириќ

Вонредниот инспекциски надзор во Центарот за социјална работа Гевгелија не констатира пропусти во постапувањето на институцијата во врска со случајот со 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци. Инспекторите за социјална заштита, по прегледување на официјалната документација, утврдиле дека Центарот постапил во рамките на законските надлежности и презел соодветни мерки за заштита на малолетникот.

Ова е официјалниот заклучок на увидот што уследи по убиството на малолетното девојче. Граѓаните и понатаму бараат целосно расчистување на случајот, утврдување на потенцијалните институционални пропусти и одговорност. Се чекаат и резултатите од обдукцијата.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *