
Во понеделникот, претседателката на Општинската изборна комисија на Брвеница, Недиме Салаи, му ја врачи одлуката за избор на градоначалник на општината на Аркин Јахији. Како кандидат на коалицијата предводена од ДУИ, по вториот круг, Јахији освои 4.442 гласа, додека неговиот противкандидат, Стојанче Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ, освои 4.184 гласа.
По врачувањето на уверението, Јахији изјави дека во својата изборна програма се залагал за пофункционална единица на локалната самоуправа, нови работни места, поддршка за младите и семејствата, како и за локално управување со одговорно менаџирање.