Полициска операција во Куманово: Поднесени пријави против пет лица

Пет лица се соочуваат со кривични пријави по полициска операција за разбивање на криминална група која дејствувала во Куманово во текот на пет години. Лицата се осомничени за кривично здружување, вршење кривични дела, перење пари и изнуда.

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Кривичниот суд донесе решенија за определување мерка притвор за две лица, поради опасност од бегство, повторување или довршување на кривичното дело, како и влијание врз сведоци.

За третиот осомничен е определен куќен притвор, додека за четвртиот се изречени мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова. Предлогот на Обвинителството опфаќа и петто лице, кое во моментов не е достапно за органите на прогонот.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *