
Борбата против криминалот и корупцијата останува слаба точка во извештаите од Брисел. Иако севкупната оценка за напредокот во Извештајот на Европската комисија е подобра од минатата година, премиерот Мицкоски очекува најголемиот дел од реформскиот процес – со посебен акцент на борбата против корупцијата – да биде заокружен до крајот на годината, што би довело до подобар резултат следната година.
Во правосудниот систем е постигнат умерен напредок, изјави Бен Нупнау, заменик-амбасадор на ЕУ, анализирајќи го Извештајот. Тој истакна дека земјата има највисок степен на усогласеност со европското законодавство, како и со надворешната и безбедносната политика. Напредок е остварен и во делот на дигиталната трансформација и образованието.
Од друга страна, ставот на СДСМ е дека критиките од Брисел се претставуваат како позитивни насоки, додека оценките во клучните области се негативни.