
На седницата одржана во четвртокот, Советот на јавни обвинители официјално ја именуваше Искра Хаџи Василева за нов раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Одлуката ќе стапи на сила на 14 ноември 2026 година, кога официјално истекува мандатот на актуелниот раководител, Ислам Абази.
На истата седница, Советот донесе одлука за распоредување на Ислам Абази во Вишото јавно обвинителство во Гостивар.