СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во судир околу Извештајот на ЕК

На прес-конференција во четвртокот, секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, изјави дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија е катастрофален. Во таа насока, тој нагласи дека станува збор за директна критика кон владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Жерновски истакна дека во Извештајот се констатира нула напредок во борбата против корупцијата, јавните набавки и слободата на медиумите, додека судството и понатаму се соочува со политички притисок.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлија обвинувањата. Оттаму наведоа дека во Извештајот јасно стои оти е постигнат значителен напредок во клучните области, дека е зголемена подготвеноста за членство во ЕУ, како и дека се забележани позитивни оценки во однос на Реформската агенда.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *