
Во врска со случајот „Алта банка“ АД „Битола“, лидерот на СДСМ Филипче рече дека тоа е уште еден доказ за криминалното работење на владата на премиерот Мицкоски, овој пат, како што нагласи, на директна штета на граѓаните и нивните животни заштеди. Тој изјави дека мора да има одговори за тоа како Владата дозволила Алта банка да влезе во земјата, дали биле почитувани сите процедури при тоа и дали била спроведена проверка на средствата и нивното потекло.
Од друга страна, ВМРО вели дека домашниот банкарски систем е стабилен. Сепак, и претставници на платформата „12:05“ упатија критики кон Славески, барајќи и тој и министерката за финансии Димитриеска Кочоска да поднесат оставка.