
Сопственикот на болницата „Санте плус“, Билал Кара, е меѓу уапсените во вчерашната (четврточна) операција на Министерството за внатрешни работи, која ја опфати приватната болница, како и актуелни и поранешни функционери од Фондот за здравствено осигурување. Ова го објави „Фокус“ околу 20:54 часот, наведувајќи дека тој веќе бил спроведен до судот и изведен пред судија.
Според медиумот, меѓу уапсените е и Геријана Арапи, поранешна директорка на болницата. Пред три години, Билал Кара беше именуван за почесен конзул на Северна Македонија во Турција.