
Влегле преку задната врата, ја извлекле од креветот, ја врзале и малтретирале, а потоа ја ограбиле и убиле – ова се непотврдените детали за убиството на 76-годишна жена од Ѓорче Петров, која во вторникот наутро била пронајдена мртва во својот дом.
Станува збор за грабеж што завршил со убиство – второ такво во Ѓорче Петров за само пет дена, откако во населбата Хром, исто така, беше пронајден мртов 62-годишен маж со траги на насилство.
Жртвата, која живеела на улицата „Ѓурчин Кокале“, била пронајдена во вторникот наутро, околу 9:00 часот, од страна на нејзината ќерка. Според непотврдени информации, убиството не е извршено со огнено оружје.