
На седницата во вторникот, Владата донесе одлука за формирање Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите, со цел унапредување на нивната безбедност, спречување на заканите и создавање услови за слободно вршење на професијата.
Комитетот има задача да ја следи состојбата на терен, да ја подобрува соработката меѓу институциите и медиумската заедница, како и да развие соодветна оперативна рамка.
„Националниот комитет ќе биде задолжен за следење на состојбата со безбедноста на новинарите, унапредување на соработката меѓу институциите и медиумската заедница, како и за изготвување Национален акциски план за заштита и безбедност на новинарите, најдоцна до 15 декември 2026 година“, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева.