Братот на претседателот на Кривичниот суд обвинет во случајот „Пулс“

Во случајот со пожарот во ноќниот клуб „Пулс“, Јавното обвинителство во Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и предлог за обвинение против шест лица за кривични дела: примање поткуп, злоупотреба на службената положба, оддавање службена тајна и фалсификување. Ова се однесува на инспекциските контроли спроведени од Управата за јавни приходи (УЈП) во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, како и во други поврзани правни субјекти.

Меѓу обвинетите е и братот на претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска – инспекторот од УЈП, Драган Паунов. Тој, наводно, примал поткуп од обвинетиот сопственик на „Пулс“, Дејан Јованов, како и од неговиот син, за да им доставува информации за претстојни инспекциски контроли во ноќниот клуб и во другите објекти во нивна сопственост.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *