Филипче ја разрешува Петровска од функцијата заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, одлучи да ја разреши пратеничката Славјанка Петровска од функцијата заменик-координатор на пратеничката група на партијата, пренесува ТВ24. Според информациите, Филипче ги известил пратениците за оваа одлука на координативен состанок и му наложил на координаторот на пратеничката група, Оливер Спасовски, да испрати официјално писмо до претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Се очекува Петровска да биде заменета од потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска. Некои пратеници, наводно, побарале дискусија, укажувајќи дека замениците-координатори обично ги именува координаторот на пратеничката група. Наводно, Спасовски не бил консултиран за оваа одлука.

Петровска, според достапните информации, го потпишала документот, но побарала образложение за одлуката. Овој потег уследи откако Петровска даде поддршка за „Платформа 12:05“, чии организатори побараа оставка од Филипче, обвинувајќи го дека работи во интерес на власта и ја поткопува независноста на СДСМ.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *