Управата за финансиска полиција поднесе пријава против поранешниот директор на „Пошта“, Макрадули

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на „Пошта“, Јани Макрадули, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувањата.

Според пријавата, во периодот од 2021 до 2022 година, тој не постапил по одлуките на Управниот одбор за исплата на обврски кон два правни субјекти во вкупен износ од 19,3 милиони денари, иако му била доставена потребната документација.

Поради неисплаќањето, против институцијата биле покренати судски постапки, при што со судски пресуди биле утврдени дополнителни обврски за камати поради задоцнување. Според проценките на Финансиската полиција, со ваквите постапки на државното претпријатие му е нанесена штета во износ од 10.968.483 денари.

Сепак, Макрадули за „Телма“ изјави дека е уверен оти во неговите постапки нема никаква незаконска дејност.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *