На војниците дозволено да преминат во цивилниот персонал на армијата по наполнети 45 години

Министерот за одбрана Мисајловски најави решение кое им овозможува на војниците, по наполнети 45 години, да останат во Армијата како цивилни лица, со договори за вработување на неопределено време. Реформата предвидува трајно решавање на нивниот работен статус и продолжување на нивниот професионален ангажман во рамките на одбранбениот систем.

Одлуката беше донесена на владина седница во вторникот. Решението е усогласено со Армијата и со војниците, изјави Мисајловски на заедничката прес-конференција одржана истиот ден, на која присуствуваа и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, како и претставници на синдикатите во одбраната.

„Сите досегашни опции остануваат – исплата на отпремнина и преместување во други институции – но со оваа реформа отвораме можност секој војник да остане во Армијата во својство на цивилно лице“, изјави Мисајловски.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *