
Во понеделникот не беше постигнат договор околу полагањето на правосудниот испит на јазици различни од македонскиот. Студентите и факултетите не го прифатија предлогот на министерот за правда Шасивари, изнесен на средбата, теоретскиот дел да се полага на албански, а практичниот дел на македонски јазик.
Студентите сметаат дека извојувале победа, со оглед на тоа што им било понудено 12 предмети да полагаат на албански јазик. Сепак, тие не се согласуваат да полагаат два предмети на македонски јазик. Доколку нивното барање не биде целосно прифатено, студентите повторно ќе организираат протести. Тие се договорија со Шасивари да одржат уште една средба.
ДУИ го окарактеризира предлогот на Шасивари како скандалозен.