
Русија се надева дека земјите од Западен Балкан ги разбираат последиците од европската интеграција и ги согледуваат негативните промени во ЕУ, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Засилената милитаризација на Европа, неуспешната миграциска политика, како и одбивањето да се тргува со Русија и да се купуваат енергенси од неа, имаат негативно влијание врз социо-економската состојба во Европа, пренесува „Спутник“ нејзини зборови кажани за руските медиуми.
„Се надеваме дека земјите од Западен Балкан ги гледаат и анализираат овие промени во ЕУ, и дека јасно ги разбираат последиците од интеграцијата во ЕУ по нивните национални интереси и благосостојбата на нивните граѓани“, наведе Захарова.