Пет кандидати ги претставуваат програмите за позицијата раководител на обвинителството

Во вторникот, Советот на јавни обвинители одржа седница на која петте кандидати за функцијата шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ги претставија своите програми.

Кандидатката Лидија Раичевиќ истакна дека, наместо програми, на Обвинителството му се потребни стручност и поголема проактивност во откривањето на кривични дела.

Кандидатката Искра Хаџи Василева нагласи дека фокусот на Обвинителството мора да биде насочен кон борбата против корупцијата и организираниот криминал што влијаат врз поширокиот јавен интерес, го нарушуваат граѓанскиот мир и го попречуваат напредокот.

Кандидатот Јован Цветановски како клучни приоритети ги издвои зголемувањето на ефикасноста во истрагите за корупција на високо ниво и перење пари, намалувањето на заостанатите стари и нерешени предмети, како и зајакнувањето на кадровските капацитети и на Истражниот центар.

Кандидатот Фатон Азизи изјави дека зајакнувањето на капацитетите на Истражниот центар и проактивното постапување по предмети поврзани со црните листи на меѓународните партнери се меѓу неговите главни приоритети.

Кандидатот Трајче Пеливанов наведе дека неговата програма опфаќа активности за воспоставување професионални стандарди, независност во одлучувањето и постигнување резултати.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *