Министерот Шасивари се сретна со директорот на IFES за земјата, Косма

Министерот за правда Шасивари оствари средба со директорката на IFES за Северна Македонија, Јоана Косма, за да разговараат за процесот на изборна реформа и за натамошните чекори кон унапредување на изборната легислатива. Разговорот се фокусираше на неопходноста процесот да се одвива преку дијалог, со вклучување на сите релевантни чинители, како и на изнаоѓање одржливи решенија за зајакнување на јавната доверба во изборниот процес, соопшти Министерството.

Министерството за правда веќе презеде чекори за повторно воспоставување дијалог меѓу политичките актери, при што неодамнешната консултативна средба со претставници на парламентарните партии беше дел од напорите за одблокирање на процесот и враќање на отворените прашања на преговарачката маса.

Шасивари нагласи дека изборната реформа не може да биде едностран процес и дека нејзиното унапредување бара континуирана комуникација, подготвеност да се слушнат сите аргументи и пристап насочен кон градење консензус.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *