СДСМ ги отфрла барањата од платформата „12:05“ и го објавува документот

Во петокот, платформата „12:05“ официјално до архивата на СДСМ ги достави предлозите за структурни промени во партијата. Предлозите беа поднесени од Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски, со очекување дека раководството на партијата ќе ги разгледа и ќе преземе конкретни чекори во разумен рок.

„Се надеваме дека овие предлози ќе стигнат до некој што е способен да ги разбере. Во интерес на иднината на партијата и на државата е да се преземат конкретни чекори во разумен рок за партијата да ѝ се врати на својата членска база“, се наведува во соопштението.

Сепак, партијата јавно го обелодени поднесениот документ. Од СДСМ изјавија дека зад барањата за оставки, вонреден конгрес и промена на партискиот идентитет стојат тесни лични и бизнис-интереси кои им оделе во прилог на власта и на ВМРО-ДПМНЕ.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *