POLITICO: ЕУ ќе им понуди на кандидатите условен пристап до единствениот пазар

ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидати, под услов тие да се согласат да застанат на страната на блокот против непријателски настроени држави и индустриски ривали, се наведува во нацрт-предлогот на Европската комисија до кој дојде „Политико“.

Според нацрт-планот, на земјите-кандидати – од кои некои со децении чекаат да станат членки на ЕУ – ќе им биде понудена досега невидена „постепена интеграција“ во единствениот пазар, вклучувајќи трговија без пречки и пристап до истражувачки програми, додека се работи на нивните барања за членство.

„Единствениот пазар е прв приоритет за економско приближување“, се вели во прегледот на придобивките од фазата пред проширувањето што ќе им бидат понудени на земјите-кандидати, додава „Политико“ во својот извештај.

Премиерот Мицкоски во средата повтори дека Владата е подготвена за разговор со претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, во Скопје, додавајќи дека аргументите се веќе добро познати и непроменети.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *