
Во своето обраќање на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН, премиерот Мицкоски повика Европа да ги почитува правилата.
Како што додаде, неговата земја постојано се откажувала од она што природно ѝ припаѓа како основно право, а историјата покажува дека таа правела компромиси и отстапки, честопати по цена на основното чувство за достоинство и правда. Ако од кандидатите за членство во некоја организација се бара да исполнат одредени критериуми, тогаш исполнувањето на тие критериуми мора да води кон напредок, нагласи премиерот.
„Очекуваме европската интеграција да остане процес заснован на заслуги и на мерливи критериуми, а не процес во кој билатералните прашања можат постојано да ги менуваат правилата на игра. Не бараме полесен пат. Бараме пат што се води според правила. Не бараме пониски стандарди. Бараме стандардите да останат стандарди. Ова е подеднакво важно за кредибилитетот на Европа“, изјави Мицкоски.