
На Балканот повторно се јавуваат тензии кои имаат потенцијал да предизвикаат регионална криза и при најмал инцидент, потсетувајќи на настаните од почетокот на 90-тите години, изјави премиерот Мицкоски во интервју за МТВ1.
Тој објасни дека неговата загриженост произлегува од средбата што ја одржал – заедно со претставници од други земји од Западен Балкан – со шефицата за надворешна политика на ЕУ, Калас, во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН.
Меѓу спорните прашања покренати на средбата, според него, биле односите меѓу Босна и Херцеговина и Србија, вклучително и прашањето поврзано со погребот на Ратко Младиќ, како и тековните несогласувања меѓу Белград и Приштина и нападот во Бањска. Премиерот ѝ укажал на Калас дека се потребни брзи резултати од ЕУ за регионален мир и просперитет.