
Во четвртокот, надлежните органи соопштија информации за случајот „Филтер 2“. Шверцот на цигари преку граничниот премин „Богородица“, со помош на царински и полициски службеници, бил извршен во седум наврати.
Во нелегален промет биле пуштени 69.350.000 цигари, со што на буџетот му била нанесена штета од приближно шест милиони евра. Шверцот се одвивал во периодот од јануари до јуни 2024 година. Во рамките на операцијата биле извршени претреси на 23 локации низ земјата, а приведени биле 13 лица.
Поднесени се кривични пријави против шпедитерска фирма, транспортна компанија и увозна фирма, како и против 18 поединци. Меѓу нив има четворица царински службеници, тројца полициски службеници и двајца возачи на товарни возила.