
Премиерот Мицкоски, кој ја предводи владината делегација за време на работната посета на САД, во средата во Вашингтон оствари средби со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на Конгресниот македонски кокус.
„На средбата разговаравме за традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и САД, како и за важноста на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји“, напиша премиерот на Фејсбук.
Мицкоски се сретна и со конгресменот Кит Селф.
„На средбата разговаравме за важноста на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, за заедничките интереси и за можностите за натамошно продлабочување на соработката во области од значење за нашите две земји“, изјави премиерот.