
Лидерот на ДУИ, Ахмети, на социјалните мрежи изјави дека ја смета за неправедна пресудата на Хашкиот суд против четворицата поранешни лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК) – Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими. Тачи беше осуден на 25 години затвор, Весели на 18 години, Селими на 13 години, а Красниќи на 25 години.
„Денешната одлука во врска со Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими ја сметам за неправедна и длабоко разочарувачка. Во овие тешки моменти, повикувам на воздржаност и единство. Не смееме да паднеме во каква било замка чија цел е да се создадат тензии или поделби, или да се наруши угледот на ослободителната борба на народот на Косово“, рече тој.
И коалицијата ВРЕДИ ја критикуваше пресудата, оценувајќи ги казните како строги и неприфатливи. По долг и спорен процес, истакнатите личности од ослободителната војна остануваат далеку од своите семејства и од Косово, се додава во соопштението.