Изоставувањето на албанската химна во Пустец предизвика мешани реакции

Неинтонирањето на химната на Албанија за време на посетата на премиерот Мицкоски на Пустец предизвика различни реакции од Рама и од Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија. Според албанскиот премиер, тоа било ненамерно изоставување.

„Градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, однапред побарал да се пушти албанската химна. Тој бил игнориран, а потоа се извинил за грешка што не била негова“, рече Рама.

Од друга страна, ставот на Министерството е дека неинтонирањето на химната било сериозен пропуст и отстапување од протоколарни правила и институционална етика. Сепак, еден од организаторите на настанот „Преспански фестивал“, поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, изјави за Канал 5 дека биле пуштани обете химни.

Според него, химната на Северна Македонија била пуштана на почетокот, а химната на Албанија на крајот, што бил технички пропуст. Тој објави и видео кое, како што забележа, служи како доказ дека албанската химна навистина била пуштана пред присутните гости.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *