Музичкиот караван за одбележување на 35 години независност ќе започне во недела во Охрид

Во недела, на 9 август, од Охрид започнува музичкиот караван по повод одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за трите и пол децении независност, со акцент на најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата на државата.

Караванот се организира во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста, кој годинава се одбележува како јубилејна 35-годишнина. Во наредниот период ќе бидат одржани настапи во 11 градови низ државата, со учество на познати македонски музички изведувачи и актери.

Завршниот перформанс е предвиден за 4 септември на плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде што на сцената ќе настапат повеќе од 120 уметници. Организаторите најавуваат дека останатите градови што ќе бидат дел од караванот ќе бидат дополнително објавени.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *