
Во врска со назначувањето на Арбен Фетаи за специјален пратеник за ЕУ, Владата за Телма изјави дека има за цел земјата да има личност која ќе работи на конкретни стратешки приоритети и ќе придонесе за поефикасно остварување на националните интереси.
Меѓу неговите обврски ќе биде да ја претставува земјата и да ги штити нејзините интереси во меѓународната комуникација, да идентификува политички и дипломатски предизвици, да ги промовира резултатите од реформските процеси и да иницира посети на високи претставници на ЕУ во Македонија. На својата Фејсбук страница, Фетаи изрази благодарност до кабинетот и до премиерот Мицкоски за довербата што му е укажана.