
Агенцијата за храна и ветеринарство ја укина забраната за користење на водата за пиење во Валандово и населените места Чалакли, Дедели и Раброво. Според последните анализи, кои денеска на прес конференција ги објави градоначалникот Ѓоко Камчев, концентрацијата на арсен е во рамките на дозволените граници и нема никаква опасност по здравјето на граѓаните.
Камчев презентираше и документи со кои потврди дека во изминатата година целосно биле запазени сите законски процедури и извршени задолжителните две широки анализи за присуство на тешки метали.
За разлика од сега, според Камчев, изминатите осум години комуналното претпријатие направило само две наместо законските 16 широки анализи. Тој побара од СДСМ одговор зошто не се правеле проверките и ги повика институциите целосно да го испитаат случајот.