
Белата пена што се појави на реката Лепенец, кај нејзиното влевање во Вардар, предизвика итна реакција на надлежните институции. По пријава за непозната материја, инспектори од Министерството за животна средина и Град Скопје излегоа на терен.
ЈП „Водовод и канализација“ зеде примероци од водата за анализа. Надлежните институции соопштија дека по завршувањето на испитувањата ќе биде утврдено за каква материја станува збор и дали има загадување на реката Вардар.
Иако пената оттогаш е исчезната и реката Вардар ја врати својата боја, активностите за утврдување на случајот продолжуваат. Лабораториските резултати од примероците земени од реката Вардар се очекуваат најдоцна до среда, за да се открие што ја предизвикало густата бела пена.
Извори кои собрале примероци од сливот Лепенец-Вардар потврдија дека сите А-интегрирани еколошки дозволи на компаниите што работат во близина се проверуваат заедно со примероци од вода за да се утврди дали некој субјект е одговорен за пената.