
Скопје го зафати невреме со силен дожд и ветер. Од силината на ветерот во делови од градот има искршени гранки од дрвја, а силниот ветер освен дожд пред себе носи и прашина и ситен отпад. Во близина на „Мавровка“, невремето предизвика и пожар кој во меѓувреме сам се изгасна.
Во Аеродром, Силниот ветер корне дрва кои паднаа врз паркирани автомобили
Во некои населби граѓани пријавуваат прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Од силниот ветер во Кисела Вода падна дрво, летаа лимени конструкции и огради, корпи за отпадоци и останати помали предмети. Падна и јарболот кај Ист Гејт.
УХМР претходно најавија дека во попладневните часови се очекува во делови од котлината да има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради најавените временски непогоди, Кризниот штаб на Град Скопје одржа состанок, а градските служби се ставени во состојба на подготвеност за навремено реагирање доколку има потреба. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претходно информираше дека екипите се подготвени за справување со евентуални последици од невремето.