
Еврокомесарката за проширување Марта Кос уште еднаш ја повика Македонија да ги спроведе уставните измени но и да гради „доверба„ со сите земји членки на Унијата. Како што потенцираше Кос, државава е една од трите првенци во спроведување на реформската агенда, меѓутоа, без уставни измени, овој напредок не може да се преслика во моментумот за проширување.
Во меѓувреме, осум членки на ЕУ, преку нон-пејпер, побараа поконкретен и предвидлив процес на пристапување за земјите-кандидатки, со јасно дефинирани правила и временска рамка за нивното членство.
Во документот, поддржан од Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Унгарија, Италија, Словачка и Словенија, меѓу другото се нагласува дека процесот мора да остане базиран на заслуги.