
Условна казна од траење од една година доби поранешната претседателка Државната комисија за спречување корупција. Според судот таа виновна бидејќи оддала службена тајна и бидејќи колега и полагал за безбедносен сертификат.
Татјана Димитровска, од мај до декември 2024 година испраќала тајни податоци на свој пријател осомничен во случајот „Адитив“.
Миле Столевски доби условна казан од 6 месеци, бидејќи во име на Димитровска полагал и добил безбедносен сертификат за пристап до национални класифицирани информации со степен Државна тајна. Обвинителството очекувало затворска казна. Адвокатот на Димитровска не е задоволен од пресудата и ќе поднесе жалба.
„Иако многумина ценат и сметаат дека казната алетрантивна мерка во овој случај е успех во оваа постапка јас сметам дека не е остварено законско битие за кривичните дела кои се стваат на товар“, рече Владимир Туфегчиќ.
Билјана Мантова Петровска, обвинета во овој предмет поврзан со одавање на службена тајна е ослободена од обвинението. Таа е раководителка на компанија и е обвинета и за други кривични дела во предметот „Адитив“.