
Игор Ивановски, поранешен висок функционер на СДСМ, во интервју за Сител вели дека иако го познава Филипче од неговата 17-годишна возраст и нема ништо лично против него, лидерот на СДСМ не успеал да се снајде на позицијата лидер на партијата.
Според поранешниот функционер, како лидер на СДСМ, Филипче треба да воспостави целосен дисконтинуитет во партијата за да може таа повторно да стане конкурентна и да доживее нов почеток од концептуална, програмска и кадровска гледна точка.
Сепак, од СДСМ велат дека сите маски се паднати, односно во соопштение за медиумите истакнуваат дека Ивановски признал дека платформата имала за цел само да ја собори партијата одвнатре.