Јаневска: За спроведените образовни реформи, ЕУ ќе обезбеди 19,2 милиони евра

Министерството за образование и наука ќе добие 19,2 милиони евра од ЕУ за исполнување на обврските од Агендата за реформи, објави министерката Весна Јаневска на Фејсбук. Таа објасни дека средствата се признание за веќе спроведените реформи и ќе се користат за продолжување на образовните промени.

Јаневска забележи дека Министерството одговорно пристапило кон своите обврски и работело со посветеност, изразувајќи задоволство од постигнатите цели и благодарност до владата, партнерските институции и ЕУ.

Таа истакна дека се завршени три клучни реформи: над 160 основни училишта опремени со модерни ИТ алатки и безбеден пристап до интернет, нова методологија за финансирање на основното образование и рано усвоен модел за финансирање на средното и стручното образование, кој веќе е на сила од буџетот за 2026 година.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *