Претседателот на Уставниот суд Костадиновски на неколку теми

Во интервјуто за Сител, претседателот на Уставниот суд Костадиновски рече дека „некому му се допаѓа или не“, случајот со Законот за јазиците ќе биде решен. Како што истакна, ќе има исход откако ќе се спроведе процесот за завршување на составот. Костадиновски ги отфрли обвинувањата за етничко надгласување.

Во врска со укинувањето на законот со кој се намалуваат коефициентите за пресметување на платите на судиите на Уставниот суд и барањето до Собранието да се направат законски измени за усогласување на коефициентите за пресметување на тие плати, тој изјави дека станува збор за одлука која е законски и уставно оправдана, како и дека има за цел да го заштити статусот на судиите.

Во врска со случајот „Сејф сити“, Костадиновски рече дека извештајот за него сè уште не е поднесен. Откако тоа ќе се направи, веднаш ќе биде ставен на дневен ред на седница.

Во врска со иницијативата поднесена од поранешната пратеничка Лилјана Поповска поврзана со Вториот протокол во однос на Бугарија, тој рече дека Судот не калкулирал.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *