Поранешниот градоначалник Јакимовски вели дека сè уште не добил писмена пресуда

Покана за во затвор добил, пресуда не. Вака денеска осудениот поранешен градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски се пожали дека му се одолговлекува времето за жалба до Врховниот суд. Смета дека и тоа што судот се уште не му ја врачил пресудата е под притисок на актуелната власт на чело со премиерот Христијан Мицкоски.

Упатниот акт е издаден за втори јули односно до тој датум Јакимовски треба да се јави на издржување на казната во затворот Скопје, во Шутка. Апелациониот суд во Скопје во вторникот соопшти дека ја потврдил едногодишната затворска казна на Јакимовски за кривично дело бесправно градење кое се однесува на бараката во која до лани во септември беше сместена општина Карпош.

Јакимовски има речиси 5 месеци издржано мерка притвор поради што му преостануваат уште 7 месеци од казната. Смета дека правосилноста на пресудата е за да биде спречен да се кандидира за нов мандат во општината бидејќи тој смета дека ќе има нови избори поради боледувањето и отсуството на актуелниот прв човек на скопската општина, Сотир Лукровски.

Инаку Јакимовски поднел и барање за одложување на извршување на казната поради здравствени проблеми. Тој е осуден за бесправно градење, додека Апелација му ја поништи казната од три години затвор за злоупотреба при издавањето на уверенија за општинската барака.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *