Пат кон ЕУ: Претседателката Силјановска Давкова повторно посочува на Копенхашките критериуми

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека евроинтегративниот процес на земјава треба да се темели на исполнување на Копенхашките критериуми, а не на решавање историски прашања кои, според неа, не се дел од темелните вредности и идентитетски принципи на Европската Унија.

„Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми. Не губејќи време на решавање историски прашања, бидејќи тие се исклучени од идентитетските и конститутивните акти на ЕУ“, изјави претседателката во интервју за МИА.

Осврнувајќи се на пораките што ги испрати од Бугарија за време на Самитот на шефови на држави и влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето на Европската Унија мора да се заснова на европските вредности и на Копенхашките критериуми. Според неа, особено значаен е членот 4 став 2 од Договорот за ЕУ, кој предвидува почитување на националниот и културниот идентитет, како и на фундаменталните политички и уставни структури на државите. Таа оцени дека е нелогично овие принципи да важат само за земјите членки, а не и за државите кандидати.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *