Собранието го изгласа Предлог-законот за игри на среќа, ја избра Зајковска за член на ДКСК

Со 59 гласа „за“ и девет гласа „против“, Собранието го усвои предлог-законот за игрите на среќа.

„Нема да се дозволи казина да се наоѓаат на оддалеченост помала од 500 метри од училиштата, забрането е рекламирање на излозите на обложувалниците, како и рекламирање што го прикажува коцкањето како средство за личен успех“, рече во четвртокот потпретседателот на Собранието и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Текстот, додаде, предвидува низа други ограничувања и дополнителни контролни механизми за приредувачите на игрите на среќа. Во четвртокот, Собранието ја избра Катерина Зајковска за член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Таа ја наследува Цвета Ристовска.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *