
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека не знае што да очекува од утрешната средба на високо ниво во Софија помеѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и нејзината колешка – в.д. претседателката на Бугарија, Илијана Јотова.
“Навистина не знам што би можел да очекувам и која би била евентуалната содржина на средбата”, изјави Мицкоски.
Мицкоски додаде дека како личност очекува земјата да има добрососедски односи со сите соседи, додека како премиер ќе направи сè што е во негова моќ да го заштити идентитетот и интересот на граѓаните и на својата земја, како и да изгради добрососедски односи со сите соседни држави врз основа на принципот на двонасочна улица.